You are on page 1of 16

Земјотреси

2. ЗЕМЈОТРЕС
2.1. ПОИМ И НАСТАНУВАЊЕ
Земјотресот е природна појава која е резултат на ненадејно ослободување на енергија
во Земјената кора, кое предизвикува појава на сеизмички бранови. Земјотресите се
регистрираат (запишуваат) со сеизмомери (сеизмографи). На површината на земјата
земјотресите се манифестираат со потреси, а понекогаш и поместувања на земјиштето.
При јаки земјотреси лоцирани во океанот, на дното може да појават поместувања
доволно големи да предизвикаат цунами. Потресите за време на земјотресите може да
предизвикаат лизгање на земјиштето и понекогаш вулканска активност.
Во најопшт случај зборот земјотрес дефинира потрес, предизвикан било од природен
феномен или од настан предизвикан од човекот кој генерира сеизмички бранови. Така
постојат земјотреси предизвикани од геолошка активност, но и од вулкански
активности, лизгање на тло, експлозии во рудници и нуклеарни експерименти.
Најголемиот дел од природните земјотреси се поврзани со тектонската природа на
Земјата. Таквите земјотреси се нарекуваат тектонски земјотреси. Земјината
литосфера претставува мозаик од плочи кои се движат. Тоа движење, предизвикано од
ослободената топлинска енергија од јадрото на Земјата е многу споро но постојано.
Кога плочите се придвижуваат едни во однос на други на ивиците на плочите се
јавуваат напрегања на триење. Во моментот кога вредноста на овие напрегања ке ја
надмине критичната вреност (локалната јакост) доаѓа до ненадеен лом. Границата на
тектонските плочи вдолж која се јавува лом се нарекува површина на раседот. Кога
ломот на површината на раседот доведува до насилни поместувања, на Земјината кора
се ослободува енергија која го предизвикува земјотресот. Оваа енергија е комбинација
од емитувани сеизмички бранови, топлотна енергија од триење на површината на
раседот и распукување на карпите. Овој процес на постепено акумулирање на
напрегањата и нагло ослободување при ненадеен краткотраен лом на земјата
(земјотрес) е опишан во Теоријата на елестично одбивање. Проценето е дека при тоа
само 10% од ослободената енегрија се емитува во облик на сеизмички бранови, додека
најголемиот дел се троши на придвижување на раседот и се ослободува во облик на
топлинска енергија од триење.
2.1.1. Раседи
Во геологијата расед или линија на раседот се подразбира рамнински лом на карпа, што
претставува доказ за постоење на релативно поместување. Големите раседи во
Земјината кора се резултат на поместувања на смолкнување, активните раседни зони се
вообичаени локации за појавување на земјотреси. Земјотресите како што е погоре
посочено се резултат на енергијата која се ослободува за време на брзо пролизгување
вдолж раседот.

15
Асеизмичко проектирање

Слика 2.1 Светска карта на тектонски плочи


Најголем пример на раседи се контактните површини на тектонските плочи (Сл.2.1),
сепак многу раседи се јавуваат далеку од активните граници на овие плочи. Бидејќи
раседите најчесто не се состојат од една јасна линија на ломот, изразот раседна зона се
користи за да се опише зоната на комплексни деформации кои ја придруживаат
рамнината на ломот.
Двете страни на не-вертикален расед се нарекуваат обесен ѕид(hanging wall) и потпорен
ѕид(footwall). По дефиниција обесениот ѕид се наоѓа над раседот, а потпорниот ѕид под
раседот. Оваа терминологија потекнува од рударството, кога рударот работи во јама тој
стои на потпорен ѕид под неговите нозе а ѕидот што е над него се нарекува обесен ѕид.

Слика 2.2 Примери на раседи


Појавата и однесувањето на раседот, и во случај на мал локален расед и во случај на
голема раседна зона која ги определува тектонските плочи, се контролирани од
релативното движење на карпите од двете страни на раседот. Поради триењето и
крутоста на карпите, карпите неможат едноставно да лизгаат една покрај друга. Во
таква ситуација доаѓа до акумулација на напрегања во карпите. Кога вредноста на овие

16
Земјотреси

напрегања ја достигне граничната вредност акумулираната потенцијална енегрија се


ослободува во облик на дилатации кои се концентрирани на површината на ломот, т.е.
појавата на раседот.
Дилатациите се и акумулативни и моментални, зависно од реолошките карактеристики
на карпата. Дуктилниот подлабок дел од Земјината кора постепено акумулира
деформации, додека кртиот површински дел од кората реагира со лом или моментално
ослободување на напрегањата со што предизвикува движење вдолж раседот. Раседот во
дуктилни почви исто така може моментално да се ослободи кога прирастот на
напрегањата е преголем. Енергијата која се ослободува со моментално ослободување на
напрегањата е причина за појава на земјотреси, вообичаен феномен вдолж границите на
тектонските плочи.
Раседите можат да бидат категоризирани во три групи во зависност од видот на
пролизгувањето.

ƒ Раседот кај кој движењето


(пролизгувањето) по
површината на раседот е
хоризонтално се нарекува
избивачки расед (strike-slip)

ƒ Раседот кај кој движењето


(пролизгувањето) по
површината на раседот е
вертикално се нарекува
потонувачки расед(dip-slip).
Потунавачкиот расед може да
биде нормален (normal) и
обратен (reverse)

ƒ Комбиниран расед има


значителни компоненти од
двата вида потонувачки и
избивачки

Слика 2.3 Видови на раседи


Нормалниот расед се јавува кога кората се проширува. Обесениот ѕид од раседот се
движи надолу во однос на потпорниот ѕид. Кај обратниот расед за разлика од
нормалниот, обесениот ѕид се движи нагоре во однос на потпорниот ѕид. Обратниот
расед е индикација за собирање на кората. Наклонот на обратниот расед е прилично
стрмен, поголем од 45о. Туркачкиот расед (thrust) има ист начин на движење како
обратниот расед само што наклонот е помал од 45о.

17
Асеизмичко проектирање

Слика 2.4 Попречен пресек на нормален и обратен потонувачки расед


Кај избивачкиот расед (strike-slip) површината на раседот обично е скоро вертикална и
потпорниот ѕид се движи лево, десно или попречно со мала вертикална компонента.
Специјален вид на избивачките раседи се трансформирачки раседи кои се облици на
тектоника на плочи поврзани со центри на ширење, такви какви што се средишните
раседи на океаните.

Избивањето (strike) е аголот


што рамнината на раседот го
зафаќа со географскиот свер.
Нурнувањето (dip) е аголот
што рамнината на раседот во
вертикала го зафаќа со
хоризонталата.
Слика 2.5 Шематски приказ на трите типа раседи

18
Земјотреси

Десен-попречен избивачки
расед (right-lateral strike-
slip)поминува низ
разурнатата зграда,
Може да се констатира
дека една до друга се
сосема разрушена и
неоштетена зграда, што
укажува на интензитетот
на земјотресот но и на
разликите во квалитетот
на конструкциите.
Слика 2.6 Измит-Турција, 1999

2.2. СЕИЗМОМЕТРИ
Сеизмометрите се инструменти кои го мерат и запишуваат движењата на тлото,
вклучувајќи го и движењето предизвикано од сеизмичките бранови при земјотреси,
нуклеарни експлозии и други сеизмички извори. Записите на сеизмичките бранови им
овозможуваат на сеизмолозите да ја проучат внатрешноста на Земјата, како и да ги
лоцираат и измерат интензитетите на овие извори.
Сеизмограф е друг израз за сеизмометар, иако е посоодветен на постарите инструменти
во кои мерењето и запишувањето на земјиното движење се комбинирани, додека во
новите инструменти овие две функции се одвоени. Двата типа на инструменти
обезбедуваат континуирани записи на движењето на тлото.

а) б)
Слила 2.7 а)сеизмометар кој мери забрзувања и б)сеизмограф
Инерцијалните сеизмометри се состојат од:
ƒ Маса, наречена инерцијална маса, која може да се движи во однос на рамката
на инструментот, но е закачена за инструметот (со федер) така што таа се држи
до рамката кога нема движење
ƒ Средство за запишување на движењето во однос на рамката, или на силата
потребна да ја држи во мирување

19
Асеизмичко проектирање

Било кое движење на тлото ја придвижува рамката.Масата има тенденција да не се


придвижи поради инерцијата и мерејќи го релативното поместување помеѓу рамката и
масата, се определува поместувањето на тлото иако масата не се движи. Првите
сеизмометри користеле оптички крак или механички додаток за да се зголемат малите
поместувања и да се запишат на фотографска хартија. Современите инструменти
користат електроника.
Професионалните сеисмички обсерватории обично користат инструменти кои мерат на
три оски; север-југ, исток-запад и нагоре-надолу. Доколку може да се мери само една
оска се мерат вертикалните поместувања бидејќи даваат подобри записи од некои
сеизмички бранови.
Сеизмометрите може да имаат еден од следните два типа на излез: аналоген или
дигитален. Аналогните сеизмографи изискуваат соодветна опрема за аналогно
запишување, вклучувајќи и конвертор од аналоген во дигитален излез. Дигиталните
сеизмографи едноставно се приклучуваат на компјутери.
2.2.1. Сеизмограми
Сеизмограмите се записи на сеизмичките потреси направени со инструменти
сеизмометри (сеизмографи).

Слила 2.8 Сеизмограми

20
Земјотреси

2.2.2. Локација на земјотресот


Точката во која започнува ломот при земјотрес се нарекува фокус или хипоцентар.
Додека поимот епицентар ја означува точката на површината на земјата која се наоѓа
директно над хипоцентарот. Положбата на хипоцентарот се определува врз основа на
записите на сеизмичките бранови во повеќе точки на земјината површина.
Примарна намена на сеизмометрите е да определат локацијата на хипоцентарот на
земјотресот, а потоа да се определи интензитетот (Моментната магнитуда) врз основа
прецизната локација.
Сеизмометрите распоредени во одредена област можат да се искористат за прецизно
определување, во три димензии, на изворот на земјотресот, користејќи го времето
потребно сеизмичките бранови да стасаат од хипоцентарот до сеизмометрите.
Од првите сеизмограми (Сл. 2.8) било забележано дека записот може да се подели во
три главни дела. Прво стасуваар P-брановите, потоа ги следат S-брановите. Знајќи ја
релативната брзина на распростирање едноставно било да се обредели растојанието од
земјотресот. Еден сеизмограф го определува растојанието, но тоа може да се исрта како
круг со бескраен број на локации. Два сеизмографа би дале два круга кои се сечат со
две можни локации. Минимум со три сеизмографа може прецизно да се определи
локацијата.
Првите сеизмографи скоро секогаш биле лоцирани во астрономски лаборатории заради
прецизно дефинирање на времето. Во днешно време GPS се користи за прецизно
определување на времето така што сеизмометрите можат да битал лоцирани било каде.

Слика 2.9 Зградата Transamerika “Pyramida” во центарот на Сан Франциско


Модерните инструменти способни за запишување на големи потреси стратешки се
поставуваат во конструкции, за да обезбедат информации за одговорот на
конструкциите. Во овој случај (Сл. 2.9) очигледна е амплификацијата и на кратко и на
долго-периодичните потреси во погорните катови. Исто така и траењето на потресите
кои одговараат на карактеристичните периоди на сопствените осцилации на
конструкциите стануваат прилично долги одејќи кон врвот.

21
Асеизмичко проектирање

2.3. ИНТЕНЗИТЕТ НА ЗЕМЈОТРЕСОТ


2.3.1. Рихтерова скала
Според Рихтеровата скала на магнитуда или поточно скала на локална магнитуда
M L , се доделува еден број за определување на количината на сеизмичка енергија
ослободена за време на земјотрес. Тоа е декадна логаритамска скала, која се добива со
пресметување на логаритам од комбинација на хоризонтална амплитуда на најголемото
поместување од нула, на запис од Wood-Anderson-ов торзионен сеизмометар. Порастот
од еден степен на оваа логаритамска скала одговара на 10 1.5 = 31.6 пати зголемување
на ослободеното количеството енергија, додека порастот од два степена одговара на
10 3 = 1000 пати зголемување на енергијата.
Развиена е во 1935 година од Charles Richter во соработка со Beno Gutenberg, двајцата
од California Institut of Technology. Првичната намена на оваа скала била да ги
дефинира и одвои неколкуте поголеми земјотреси кои се случиле во Калифорнија и
притоа да се користат записи на потресите од еден точно одреден инструмент Wood-
Anderson-ов торзионен сеизмометар. Основнаат идеја на Рихтер произлегла од
аналогија на скалата на магнитуди кој се користи во астрономијата за запишување на
сјајноста на ѕвездите. Рихтер избрал магнитуда 0 да одговара на земјотрес кој би
предизвикал максимално комбинирано хоризонтално поместување од еден микрометар
на сеизмограм добиен со користење на Wood-Anderson-ов торзионен сеизмометар
поставен на 100 Км од епицентарот на земјотресот. Ефективна граница на мерењата за
локална магнитуда е околу M L = 6.8 , што произлегува од ограничувањата на
избраниот сеизмометар. Сепак денес со современи сеизмограми нема ограничување на
вредностите на магнитудата од Рихтеровата скала.
Различни истражувачи предлагале проширување на скалта на локална магнитуда,
најпопуларни се; скала на магнитуда на површинските бранови m S и магнитуда на
длабинските бранови m b . Овие традиционални скали на магнитуда се сериозно
потиснати со примената на методата за процена на сеизмички момент и скалата на
моментни магнитуди која оди со неа.
Во Табела 2.1 опишани се типичните ефекти од земјотреси со различни магнитуди во
близина на епицентарот. Се разбира дека податоците од оваа табела треба да се земат
со голема претпазливост бидејќи интензитетот и ефектот на површината зависат не
само од магнитудата туку и од одддалеченоста од епицентарот длабочината на
хипоцентарот под епицентарот како и геолошките услови.

Рихтерова Повратен
Опис Ефекти од земјотресот
магнитуда период
околу 8,000 на
< 2.0 Микро Микропотреси, не се чуствуваат.
ден

22
Земјотреси

Воглавном не се чуствуваат, но се околу 1,000 на


2.0-2.9 Минорен
регистрираат. ден
Често се чуствуваат, но ретко 49,000 годишно
3.0-3.9 Минорен
предизвикуваат штета. (процена.)
Забележително нишање на предметите
6,200 годишно
4.0-4.9 Слаб во објектите, шумови. Не е вообаена
(процена.)
значителна штета.
Може да предизвика сериозна штета на
слабо проектирани објекти во потесни
5.0-5.9 Умерен 800 годишно
области. Најмногу мала штета на добро
проектирани конструкции.
Може да биде деструктивен во области
6.0-6.9 Силен со радиус до 100 миљи во населени 120 годишно
области.
Може да предизвика сериозни штети на
7.0-7.9 Разрушувачки 18 годишно
големи површини.
Може да предизвика сериозна штета во
8.0-8.9 Екстремен област со радиус од неколку стотици 1 годишно
миљи.
Разурнувачки во област со радиус од
9.0-9.9 Екстремен 1 на 20 години
неколку илјадници миљи.
екстремно
10.0+ Екстремен Никош забележан; редок
(непознат)

2.3.2. Скала на моментна магнитуда


Скалата на моментни магнитуди предложена е во 1979 година од Thomas C. Hanks и
Hiroo Kanamori како продолжување на Рихтеровата скала и се користи од сеизмолозите
за да се спореди енергијата ослободена при земјотрес. Моментната магнитуда M W е
бездимензионален број дефиниран како:
2⎛ M0 ⎞ 2⎛ M0 ⎞
MW = ⎜ log 10 − 9.1 ⎟ = ⎜⎜ log 10 − 16.1 ⎟⎟
3⎝ N ⋅m ⎠ 3⎝ dyn ⋅ cm ⎠
каде M0 е сеизмички момент (користејќи еден Њутн-метар како референтен момент).
И на оваа скала порастот од еден степен на оваа логаритамска скала одговара на
10 1.5 = 31.6 пати зголемување на ослободеното количеството енергија, додека
порастот од два степена одговара на 10 3 = 1000 пати зголемување на енергијата.
Константите во равенката се избрани така да процената на моментната магнитуда грубо
се согласува со процените на интензитетот со другите скали, како што се скалата на
Локална магнитуда ML, општо позната како Рихтерова скала на магнитуди. Предност
на скалата на моментна магнитуда е фактот дека оваа скала нема горен лимит над кој
јаките земјотреси имаат ист интензитет. Поради ова моментната магнитуда денес е

23
Асеизмичко проектирање

најчесто користена при процена на интензитетот на јаките земјотреси. Во ознаката


индексот W доаѓа од (work accomplished) извршена работа.
Потенцијалната енергија е акумилирана во земјината кора во облик на напрегања. За
време на земјотрес оваа акумулирана енергија се трансформира во
ƒ пукнатини и деформации во карпите
ƒ топлотна енергија
ƒ емитувана сеизмичка енергија E S
Сеизмичкиот момент M0 е мерка за вкупната енергија која се трансформира за време на
земјотрес. Само мал дел од сеизмичкиот момент M0 се претвора во сеизмичка енергија
E S која ја регистрира сеизмограф, оваа вредност може да се процени со следната
зависност:
E S = M 0 ⋅ 10 −4.8 = M 0 ⋅ 1.6 × 10 −5
Chou i Boatwright во 1995 година дефинирале енергетска магнитуда
2 ES
Me = log 10 − 2 .9
3 N ⋅m

2.3.3. Меркалиева скала


Меркалиевата скала на интензитет се користи за мерење на интензитет на земјотрес.
Оваа скала ги опишува ефектите од земјотресите на Земјината површина, луѓето,
природните објекти и производите на човечкиот труд со скала од 1 до 12, при што 1
означува слаб земјотрес а 12 земјотрес кој предизвикува комплетна деструкција.
Меркалиевата скала произлегла од масовно користена скала од десет степени Rossi-
Forel, која била ревидирана од италиански вулканолог Giuseppe Mercalli во 1883 и 1902.
Изразот Меркалиева скала на интензитет или Меркалиева скала не треба да се
користи освен ако не се мисли на оригиналната скала од 10 степени од 1902 година.
Во 1902 година Меркалиевата скала од десет степени била проширена на дванаесет
степени од италијанскиот физичар Adolfo Cancani. Таа подоцна била комплетно
преработена од геофизичарот August Heinrich Sieberg и стана позната како Mercalli-
Cancani-Sieberg (MCS) скала. Оваа скала била уште два пати доплнувана од Harry O.
Wood и Frank Neumann и конечно од Charles Richter. Денес оваа скала е позната како
Модифицирана Меркалиева скала MMI.
Пониските степени во оваа скала се дефинираат според осетот на луѓето, додека
повисоките степени се базирани на забележаните ефекти од земјотрес. Во следната
табела дадени се описите на степените од оваа скала.

I. Инструментен Повеќето луѓе не го чуствуваат.

Ги чуствуваат само одреден број лица и тоа


II. Лесен на повисоките катови. Лабаво закачените
предмети може да се нишаат.

Го чувствуваат луѓето во објектите особено


III. Слаб на повисоките згради. Многумина не

24
Земјотреси

сваќаат дека е земјотрес. Возилата во


мирување може малку да се придвижат.
Вибрации слични на оние при минување на
воз. Времетраењето може да се процени.

Во објектите го чувствуваат сите, надвор


IV. Умерен ограничен број, преку ден. Ноќе само
будните.

Го чуствуваат скоро сите, многумина се


разбудени. Искршени чинии и некои
V. Речиси силен прозорци. Нестабилни објекти се
превртуваат. Часовниците може да запрат.

Го чуствуваат сите, многумина се


исплашени и бегаат надвор, се движат
несигурно. Чинии, прозорци, стакла се
VI. Силен кршат, паѓаат книги од полици, потежок
намештај се поместува или превртува,
местимично отпаѓање на малтерот. Мали
штети.

Тешко е да се стои, искршен намештај,


незначителна штета на добро проектирани
и изведени конструкции, лесна до умерена
штета на добро изведени просечни
конструкции. Значителна штета на лошо
VII. Многу силен изградени и слабо проектирани
конструкции, искршени оџаци. Го
забележуваат и лица во возила кои се
движат.

Мали штети во специјално проектирани


конструкции, значителна во просечни
конструкции со парцијален колапс. Големи
VIII. Деструктивен штети во слабо изведени конструкции.
Паѓање на фабрички оџаци, столбови,
споменици, ѕидови. Тешкиот намештај
изместен.

Општа паника, значителна штета во


специално проектирани конструкции,
добро проектирани рамковни конструкции
IX. Разурнувачки искорнати. Голема штета во просечни
конструкции, со парцијален колапс. Згради
изместени од темелите.

X. Уништувачки Некои добро градени дрвени конструкции

25
Асеизмичко проектирање

уништени, повеќето ѕидани и рамковни


конструкции уништени со се темели.
Извивање на пруги.

XI. Екстремно Само неколку, ако воопшто има останати


ѕидани конструкции. Уништени мостови.
уништувачки Пруги многу извиткани.

Тотална штета - скоро се е уништено.


Линиите на теренот извртени. Објекти
XII. Катастрофален извфрлени во висина. Почвата се движи во
бранови и набори. Големи количини на
карпи може да ја променат позицијата.

2.3.4. Европска макросеизмичка скала


Европската Макросеисмичка Скала (EMS) е основа за оцена на интензитет на земјотрес
во европските но и во повеќето други земји. Изданието на оваа скала од 1998 година,
кое претставува подобрена верзија на тест верзијата од 1992, позната е како EMS-98.
Историјата на EMS започнува во 1988 година кога Европската сеизмолошка комисија
(ESC), одлучува да ја ревидира и надгради Medvedev-Sponheuer-Karnik скалата (МСК-
64), која во нејзината базична форма била користена во Европа скоро четврт век. После
скоро пет години интензивни истражувања и четири години на тест период, новата
скала била донесена. Во 1996 година на XXV Генерална асамблеја на ESC во Рејкјавик
донеле резолуција со која новата скала била усвоена.
За разлика од скалата на магнитуди на земјотресот, која ја изразува сеизмичката
енергија ослободена од земјотрес, EMS-98. го изразува интензитетот на земјотресот
преку ефектот предизвикан на одредена локација. Оваа скала има 12 степени опишани
во следната табела.

Степен Еефект
1. Не осетлив Не се чуствува.

Осцилациите се чуствуваат само од


2. Едвај осетлив поединци кои се одмараат во куќите,
особено на повисоките катови.

Осцилациите се слаби и се чуствува во


3. Слаб внатрешноста од мал број луѓе. Луѓе кои
се одмараат чувствуваат слабо нишање.

4. Широко Земјотресот е почуствуван внатре од


голем број луѓе и од само неколкумина
приметен надвор. Малкумина се будат (ако е ноќе).

26
Земјотреси

Нивото на осцилации не предизвикува


страв. Прозорци, врати и чинии звонат.
Обесени предмети се нишаат.

Земјотресот е почуствуван внатре од


повеќето луѓе и од малкумина надвор,
многумина се будат (ако е ноќе).
Малкумина истрчуваат надвор. Зградите
треперат. Обесени предмети интензивно
5. Силен се нишаат. Порцеланот и стаклото се
удираат. Осцилациите се силни.
Најтешките предмети се превртуваат.
Врати и прозорци трескаат (сеотвараат
или затвораат).

Земјотресот е почуствуван од сите внатре


и од многумина надвор. Многумина се
исплашени и истрчуваат надвор. Помали
6. Мали штети предмети паѓаат. Лесни штети на многу
просечни згради; пр. фини пукнатини во
малтерот и мали парчиња од малтерот
паѓаат.

Повеќето се исплашени и истрчуваат


надвор. Намештајот се придвижува и
предметите мсовно испаѓаат од полиците.
7. Оштетувачки Многу, просечни згради, доживуваат
умерени штети; мали пукнатини во
ѕидовите, парцијален лом на оџаци.

Намештајот може да е превртен. Многу


просечни објекти се оштетени; оџаци
8. Тешки штети паѓаат, се јавуваат големи пукнатини,
неколку објекти може да доживет
парцијален колапс.

Споменици и столбови паѓаат или се


усукани. Многу просечни објекти имаат
9. Деструктивен локален лом а неколку имаат лом на
целиот систем.

10. Многу Многу присечни згради доживуваат лом.


деструкутивен
Повеќето присечни згради доживуваат
11. Уништувачки лом.

27
Асеизмичко проектирање

12. Комплетно Практично сите конструкции над и под


нивото на земјата се тешко оштетени или
уништувачки уништени.

Европската Макросеисмичка Скала EMS-98. е прва скала за изразување на интензитет


на земјотрес која е наменета да ја подржи соработката помеѓу инженерите и
сеизмолозите, а неда биде користена само од сеизмолозите. Скалата е дополнета со
детален мануел, што вклучува упатство, илустрации и примери.

2.4. СЕИЗМИЧКИ ХАЗАРД И СЕИЗМИЧКИ РИЗИК


2.4.1. Сеизмички хазард
Кога се почнува со проектирање на некој објект, се користат регионални карти на
сеизмикички хазард со цел да се одреди најдобра ориентација и позиција на објектот со
оглед на можен земјотрес. Честопати поимот на сеизмички хазард се меша со поимот
сеизмички ризик, треба да се знае дека сеизмички хазард претставува анализа на
очекуван земјотрес на произволна локација на земјата.
Определувањето на сеизмичкиот хазард е прилично комплексно. Прво се проучува
регионалната геологија и сеизмологија за да се проучат очекувани типови на земјотрес.
Потоа се исцртуваат зони со слична потенцијална сеизмичност. На пример, познатиот
San Andreas Fault може да се исцрта како долга тесна зона. Зоните во внатрешноста на
континентите се означуваат како пошироки области бидејќи причините за појава на
земјотреси се помалку очигледни. На секоја зона и се доделуваат карактеристики во
зависност од потенцијалниот извор на земјотрес: колку земјотреси годишно,
максималниот интензитет на земјотресот (максимална магнитуда) и сл.
Конечно во пресметките се потребни формули кои ги даваат потребните индикатори на
хазардот за даден интензитет на земјотресот и растојание. Така за некои области се
преферира користење на максимално земјино забрзување, други користат максимална
брзина и најсофостицираните користат ординати на спектарот на одговор.

28
Земјотреси

Слика 2.2 Европско-медитеранска карта на сеизмички хазард

Со компјутерски програм потоа се интегрираат во сите зони и се определуваат криви на


веројатност за клучниот параметар на тлото. Конечниот резултет ја дефинира
веројатноста дека одреден интензитет ке биде надминат во одреден временски период.
Вообичаените правилници (кодови) за асеизмичко проектирање на згради обично се
однесуваат на веројатност за надминување на одреден интензитет во 500 години,
додека за нуклеарни централи тоа е 10 000 години. Историската сеизмичност на
регионото за подолг период се добива преку гранка од сеизмологијата наречена
палеосеизмологија. Анализата на сеизмичкиот хазард може да биде претставена во
облик на спектр на одговор.

29
Асеизмичко проектирање

Во подеталните анализи исто така се разгледуваат и почвените услови. Доколку се


гради на мека почва тогаш може да се очекува значително поголеми поместувања
отколку на соседна карпеста подлога. На Сл.2.2 претставена е карта на сеизмички
хазард на Европа, при тоа сеизмичноста на регионот е изразена со максомалното
сеизмичко забрзување a g . Од оваа карта може да се види дека целата територија на
Република Македонија се наоѓа во регион со висок сеизмички хазард и вредност на
a g > 0.3 g , каде g е земјиното забрзување.

2.4.2. Сеизмички ризик


Сеизмичкиот ризик освен резултатите од сеизмичкиот хазард ги зема предвид и
“лудостите на човекот”. Нашата сигурност освен од сеизмичкиот хазард зависи и од
кавалитетот на она што го градиме. Така може да се чуствуваме многу посигурно во
област со висок сеизмички хазард кога сме во објект изграден со респект кон сите
современи сознанија за проектирање сеизмички отпорни конструкции. Од друга страна
пак, и во региони со умерен сеизмички ризик можни се сериозни штети на објекти со
ниозок квалитет на проектирање и изведба.
Определениот на сеизмички ризик е база за донесување на одлуки поврзани со
намалување на ризикот, клучен чекор во управувањето со ризик. Големите корпорации
(како и локалната управа) ги анализираат сопствениот градежен фонд, со цел да
донесат решение во што е најдобро да се алоцираат средства за зајакнување на
конструкциите или други мерки при планирање на справување со катастрофи. При
пресметувањето на ризикот на секој објект се земаат предвид не само потенцијалната
опасност по животот на луѓето и конструктивните штети туку и опремата, содржините
како и за прекинот на работата на системите за снабдување со вода, електрична
енергија, патишта и пруги и др., а се води сметка и за нивната поврзаност.
За да се процени сеизмичкиот ризик, компјутерските програми ги земаат како влез
параметрите на сеизмичкиот хазард и ги комбинираат со познатите карактеристики на
конструкциите и постројките како што се зградите, мостовите, елетроцентралите и др.
Резултатот ја дава веројатноста за појавување на одредени економски штети или жртви.
Резултатите можат да служат како генерална оцена за една цела класа на објекти,
реалниот сеизмички ризик на одреден објект од таа класа може значително да
отстапува во зависност од поедините карактеристики на објектот (конфигурација,
материјал и сл.). Определувањето и анализата на сеизмичкиот ризик на одреден објект
е најскапиот и најсеопфатен аспект на сеизмичкиот ризик.

30

You might also like