You are on page 1of 16

3.

ПРИНЦИПИ НА АСЕИЗМИЧКО ПРОЕКТИРАЊЕ НА


КОНСТРУКЦИИТЕ
Една од критичните одлуки кои влијаат на способноста на конструкцијата да издржи
земјотрес е изборот и распоредот на носивите елементи во основа како и
конфигурацијата по висина. Во продолжение разгледани се препораките за избор на
соодветна конфигурација на објекти од високоградбата.
Се разбира дека објектите од високоградбата се разликуваат според типот и
конфигурацијата така што неможе да се зборува за една идеална конфигурација за
одреден тип на згради. Сепак постојат базични принципи за асеизмичко проектирање
кои можат да се следат како упатства при избор на соодветна конфигурација на
конструкцијата, конструктивниот систем, конструктивните материјали и
неконструктивните елементи. Во продолжение дадени се тие базични принципи:

1. Објектот (конструктивните и неконструктивните елементи) треба да бидат


лесни и да се избегнуваат непотребни маси.
2. Објектот и конструктивниот систем треба да се едноставни, симетрични и
регуларни во основа и по висина, за да се избегне поја на торзиони сили, треба
да се избегнуваат големи односи висина-ширина и големи распони.
3. Објектот и конструктивниот систем треба да има рамномерна и континуирана
дистрибуција на масите, крутоста, носивоста и дуктилноста, избегнување на
појава на мек кат.
4. Носивата конструкција треба да има релативно пократки распони од сеизмички
неотпорни конструкции и да се избегнуваат долги конзоли.
5. Неконструктивните елементи треба или да се соодветно одвоени, така што нема
да соработуваат со остатокот на конструкцијата или треба да се интегрирани со
конструкцијата. Во вториот случај, пожелно е конструкцијата да има доволна
попречна крутост, за да се избегнат значителни штети при слаби и умерени
земјотреси, и жилавост, со стабилно хистерезисно однесување (т.е. стабилност
на носивост, крутост и деформабилност) при повторувани наизменични
деформации какви што се јавуваат при појаки земјотреси. Колку е
конструкцијата покрута, толку ќе биде помалку осетлива на ефектите од
интеракција со неконструктивните елемнти и колку е конструкцијата е пожилава
ќе биде помалку осетлива на ефектите од крт лом на неконструктивните

31
елементи кои се поврзани со носивата конструкција.
6. Во конструкцијата деталите треба да бидат решени на таков начи што
нееластичните деформации можат да се ограничат (контролираат) да се јавуваат
во посакувани делови и во склад со посакуваниот редослед.
7. Конструктивниот систем треба да има најголем можен број на одбранбени
линии, т.е. треба да се состои од различни цврсти конструктивни под-системи
кои соработуваат или се поврзани со многу цврсти конструктивни елемнти
чиешто нееластично однесување би овозможило целата конструкција да најде
излез од критичната фаза на динамичкиот одговор.
8. Конструктивниот систем треба да има балансирана крутост и носивост помеѓу
неговите елементи, врски и потпори.
9. Крутоста и носивоста на целиот објект треба да бидат компатибилни со крутоста
и носивоста на темелите.

Во продолжение погоре дадените принципи за асеизмичко проектирање на згради се


илустрирани со повеќе примери (дадени на Сл 3.1 до 3. 40) на конструкции и нивното
однесување под дејство на реални земјотреси. Од најголема важност при асеизмичкото
проектирање е проектантот уште од почетокот на тој процес да биде свесен дека
динамичките сили во конструкцијата можат да се контролираат со правилен избор на
конструктивниот систем и со износот и распределбата на реактивните маси (масите кои
ќе реагираат при потреси на тлото). Колку ќе бидат помали тие маси толку помали
сеизмички (инерцијални сили) ќе се акумулираат во конструкцијата. Од ова
произлегува дека сите непотребни маси треба да се избегнуваат, секоја маса треба да
има свое место во системот за прифаќање на сеизмичките сили.
Штети на конструкции предизвикани од несоодветни маси се илустрирани на следните
фотографии и то на Сл.3.1 и Сл.3.2 на објекти кои не биле проектирани на сеизмички
товари и Сл.3.3 до Сл.3.6 на конструкции проектирани на сеизмички товари.

Сл.3.1 Штети на дрвена конструкција Сл.3.2 Штета на стариот дел од


предизвикани од тежок покрив на болницата Olive View во земјотресот San
флексибилна рамка. Земјотрес San Fernando, 1971. Оваа зграда има многу
Fernando, 1971. тежок покрив потпрен на неармирана
ѕидарија од тули и ниту била проектирана
ниту деталите решени на дејство на
земјотрес.

Сите овие згради претрпеле значителни штети и морале да бидат срушени. Препораката
од овие случаи е многу јасна, да се избегнуваат непотребно тешки покривни
конструкции.

32
Сл.3.3. Вертикалниот пресек на едно
крило од болницата Olive View илустрира
постоење на непотребни маси, San
Fernando земјотрес, 1971.

Очигледно е дека исполната со замја за паркот (0.46м) довела до тешка плоча на


конструкцијата од Сл. 3.3. Ова било лоцирано на ниво од конструкцијата каде има
значителен дисконстинуитет на крутоста и носивоста на носивиот ситем за прифаќање
на попречните товари. Како резултат на присуството на непотребна маса и
дисконтинуитет во конструктивниот систем ова крило од зградата доживеало
значителни штети илустрирани на Сл 3.4 до С.3.6.

Сл.3.4. Зградата од Сл.3.3, на која се


гледа колапс на приземниот кат, кој ја
потпирал тешката градина. Колапсот на
покривот бил резултат на лом на
смолкнување во столбовите кои го
потпирале тој покрив. Заслужува да се
посочи дека ломот на столбовите
предизвикал паѓање на фасадните
монтажни бетонски панели поради
слабите врски на тие панели.

Сл.3.5. Зградата од Сл.3.4. Поглед на Сл.3.6. Зградата од Сл.3.4. Детал од


ломот на покривот кој ја потпирал ломот на покривот кој ја потпирал
градината. Обратете внимание на тешкиот градината. Обратете внимание на горниот
слој од почва и покривната плоча дел од фотографијата на кој се гледа
потребна да го држи тој слој. Интересно е дисторзијата на врската столб греда на
да се види како дисторзијата на крајниот катот над нивото на градината.
столб предизвикал ударно дејство на
соседниот објект.

3.1 ОБЈЕКТОТ И НЕГОВИОТ КОНСТРУКТИВЕН СИСТЕМ ТРЕБА ДА СЕ


ЕДНОСТАВНИ, СИМЕТРИЧНИ И ПРАВИЛНИ ВО ОСНОВА И ПО ВИСИНА
Анализа на однесувањето на конструкциите на релани земјотреси укажува дека
долкоку сите други карактеристики се исти, што е една конструкција по едноставна

33
толку нејзиното однесување под дејство на земјотрес е подобро. За тоа постојат две
основни причини: прво, многу е полесно да се разбере филозофијата на сеизмичкото
однесување на едноставна конструкција отколку на сложена; втори, полесно е да се
разбере, формулира на цртеж и конструира едноставен конструтивен детал отколку
сложен. Симетријата и регуларноста во основа и висина се пожелни од истите причини.
Серазбира дека симетријата е потребна во двата ортоганални правца во основа.
Отсуството на симетрија (во распределбата на масите и/или крутоста, носивоста и
дуктилноста) водат до торзиони ефекти кои е тешко точно да се проценат и кои можат
да бидат особено деструктивни. Треба да се избегнуваат такви решенија во основа во
кои се јавуваат вовлекувања (Сл.3.7). Правилни правоаголни но несиметрични во
однос на распределбата на крутоста во основа, како што е илистрирано на Сл.3.7 до
Сл.3.10, исто така треба да се избегнуваат бидејки тоа доведува до појава на значителни
торзиони сили.

Сл.3.7. Торзиониот ефект созаден од Сл.3.8. Хотел Terminal, Guatemala City.


неправилната форма во основа (L- Погледот на овој 6 катен хотел, илустрира
конфигурација) и од многу круто јадро во лом на вториот кат предизвикан од
објект со правоагола (правилна) форма во торзиониот ефект за време на земјотресот
основа. Guatemala од 1976 година.

Армиранобетоската конструкција на хотелот од Сл.3.8 во основа имал правилна


правоаголна форма, но многу крутото јадро било сместено антисиметрично на едниот
крај од конструкцијата. Ексцентрицитетот создаден од ова јадро бил балансиран во
погорните катови (над вториот кат) со монолитни ѕидови од ѕидарија кои се употребени
како исполна на армиранобетонската рамка лоцирана на предниот дел од оваа
фотографија. Сепак. Овие ѕидови биле прекинати на вториот кат (каде што бил
ресторанот) за да се стават стаклени прегради со цел да се обезбеди убав поглед на
паркот и градот. Тој прекин создал екцентрицитет на овој кат кој резултирал со
извонредно големи торзиони моменти кои довеле до лом на смолкнување во
столбовите, како што е илустрирано на Сл.3.9 и С.3.10.
Ломот прикажан на Сл.3.10, ја нагласува потребата од избегнување на големи торзиони
моменти како и потребата од обезбедување на соодветна количина на поречна арматура
како и нејзино соодветно сместување во армиранобетонските пресеци.

Сл.3.9. Поглед од внатре на објектот од Сл.3.10. Крупен план на еден од


Сл.3.8 кој го прикажува ломот на вториот столбовите од Сл.3.9, кои доживеле лом.
кат како резултат на лом на смолкнување Обратете внимание дека горниот кат се

34
на столбовите од втор кат. Обратете заротирал на десно и паднал така што
внимание на значителните попречни горниот и долниот пресек на столбот се
поместувања (катно релативно еден до друг. Иако столбот имал попречна
поместување на десно) како резултат на арматура (узенгии) таа не била доволна и
торзионата ротација на горниот дел од на несоодветно растојание за да се
конструкцијата. спротистави на смолкнувањето кое се
јавило како резултат на момемтите од
торзија во вториот кат.

3.2 ОБЈЕКТОТ И НЕГОВИОТ КОНСТРУКТИВЕН СИСТЕМ ТРЕБА ДА ИМААТ


РАМНОМЕРНА И КОНТИНУИРАНА РАСПРЕДЕЛНА НА МАСИТЕ,
КРУТОСТА, НОСИВОСТА И ДУКТИЛНОСТА
При “тресењето” на објектот, земјотресот “ќе ја бара” секоја конструктивна слабост на
носивиот ситем. Овие слабости обично се креирани од нагли промени во крутоста,
носивоста и/или дуктилноста и ефектите од овие слабости уште повеќе се нагласуваат
со лошата дистрибуција на реактивните маси. Големите конструктивни штети кои ги
претпеле неколку модерни конструкции за време на неодамнешните земјотреси ја
илустрираат важноста на избегнување на нагли промени во попречната крутост и
носивост. Типичен пример на разурнувачите ефекти кои овие дисконтинуитети можат
да ги создадат се случаите на објекти со т.н. мек кат. Проучувањето на штетите на
конструкциите од реални земјотреси како и резултатите од аналитичките истражувања
покажале дека конструктивните системи со мек кат водат до сериозни проблеми при
јаки земјотреси. На Сл.3.11 до Сл.3.17 илустрирани се таквите штети и оттука
нагласена потребата од избегнување на мек кат со користење на рамномерна
дистрибуција на флексибилноста, носивоста и масите.

Сл.3.11. Хотел Macuto Sheraton,


Caraballeda, Venezuela. Поглед на предната
фасада (влезот) на оваа 10-катна зграда
после земјотресот во Каракас, 1967.

Конструктивниот систем на оваа 10 катна зграда (Сл.3.11) се состои од


армиранобетнска рамковна конструкција со армиранобетонски платна во попречниот
(пократкиот) распон од 4 до 8 кат. Армиранобетонскте платна биле прекинати на ниво
на 4 кат каде имало АБ столбови со дијаметар од 1.1 м (Сл.3.12) кои биле тешко
оштетени. Надворешните столбови биле изѕидани од тула. Обратете внимание дека
имало извесни оштетувања на овие ѕидани столбови.

Сл.3.12. Детал од конструкцијата од


Сл.3.11, кој ги прикажува оштетените 1.1м
столбови кои се наоѓале на мезанинот (3
кат). Овие столбови биле подолжно
армирани со 34 до 40 ∅25 глатка арматура
и ∅12 кружни узенгии распоредени на
растојание од 15см. Овие узенги можат да
се видат во горниот дел од столбот на кој е

35
отпаднат бетонскиот слој.

Тоа биле главните штети на конструкцијата од Сл.3.11 и тие се јавиле токму на местото
на дисконтинуитетот на конструктивниот систем (прекин на армиранобетонските
платна). Исто така имало извесни штети на надворешните ѕидови од тула. Главната
конструкција била зајакната со продолжување на армиранобетонските платна се до
темелите.

Сл.3.13. Комерцијалната зграда


Micasa S.A., Managua, Nicaragua. Оваа
двокатна АБ рамковна конструкција
претрпела големи попречни поместувања
на вториот кат за време за време на
земјотресот Managua, 1972.

Обратете внимание на пластичните зглобови формирани на дното и врвот на


столбовите од првиот кат на Сл.3.13. Овој кат бил мек кат, бидејќи освен стаклениот
надворешен ѕид, тој бил сосема отворен, додека на вториот кат имало ѕидови и
прегради кои значително ја зголемиле попречната крутост на вториот кат во однос на
првиот.

Сл.3.14. San Fernando земјотрес, 1971.


Парцијален поглед на 5-катната зграда (на
десна страна од фотографијата), пасажот и
еднокатната придружна зграда (на лева
страна од фотографијата) ја прикажува
штетата што овој објект ја претрпел за
време на San Fernando земјотрес, 1971.

Обратете внимание на трајните попречни поместување на ниво на вториот кат од


објектот (релативното катно поместување од 0.81м измерено кај крајните столбови од
Сл.3.14). Ова големо катно поместување индуцирало значителни неконструктивни и
конструктивни штети и довело до потреба да се сруши објектот, сето ова како
последица на постоење на мек кат на ниво на првиот кат, поради присуство на
армиранобетонски платна над вториот кат (Сл.3.3). Заслужува да се посочи
комплетното одронување на слабо ограничениот бетон на столбот во ќошот.
(Споредете го однесувањето на овој столб од првиот кат со столб од истата зграда
прикажан на Сл.3.15)

36
Сл.3.15. Детален поглед на однесувањето Сл.3.15а. Психијатрискиот оддел на Olive
на еден од столбовите на првиот и вториот View болницата за време на San Fernando
кат во зградата од Сл.3.14 за време на San земјотрес, 1971. Ова било двокатна
Fernando земјотрес, 1971. Обратете армиранобетонска зграда.
внимание на големата трајна дисторзија на Конструктивниот систем бил рамковен.
столбот од првиот кат (поради тоа што бил Сепак на вториот кат имало ѕидови од
дел од мекиот кат на тоа ниво). Додека ѕидарија кои значително ја зголемиле
добро утегнатиот бетон од јадрото на овој крутоста на овој кат.
столб (ограничен со спирални узенгии)
бил во состојба да ја држи зградата,
бетонот од обвивката отпаднал. Интересен
е ломот на смолкнување на столбот на
вториот кат, предизвикан од скратувањето
на овој столб поради ѕидните панели
дното и врвот од катот.

Лесен бетон бил користен за изградба на овој објект. Може да се констатира дека
објектот доживеал целосен колапс на првиот (мек) кат и вториот кат паднал на земја
придвижувајќи се попречно за два метра (Сл.1.31).

Сл.3.16. Триспратна станбена зграда, El


Asnam, Algeria, оштетена за време на
земјотресот El Asnam, 1980 година.

Иако повеќето од зградите во оваа нова населба (Сл.3.16) останале исправени после
земјотресот, некои се наклониле за 20 степени и пропаднале до 1 метар,
предизвикувајќи значителна штета на конструктивните и неконструктивните елементи
од првиот кат. Причина за ваквиот тип на лом била примента на ‘Vide Sanitaire’,
простор за инсталации околу, 1 метар над приземјето. Овај простор обезбедува
спроведивање на водовдната и инсталацијата за вентилација под нивото на плочата од
првиот кат и служи како бариера за пренесување на нечистотии од приземјето на
првиот кат. За жал, начинот на кој овој простор бил изведен создал мек кат со
несоодветна попречна крутост. Оттука кратките столбови во овој простор биле
пресечени од инерцијалните сили индуцирани од зенјотресот.

37
Сл.3.17. Imperial County Services Building. Сл.3.18. Објектот од Сл.3.17. За за време
Поглед на оваа современа шест катна АБ на земјотресот Imperial Valley од 1979
конструкција. Обратете внимание на година, значителни инерцијални сили се
континуираното платно на источниот крај јавиле истовремено во двата правца
од зградата кое има дискунтинуитет на (илустрирано со стрелките). Како резултат
вториот кат (поради вовлекување) што на што, столбовите од ќошот биле
резултирало со практично отворен мек кат изложени на значително свиткување,
(мек кат во правец E-W). смолкнување и аксијални сили кои довеле
до лом на столбот прикажан на Сл.3.19 и
Сл.3.20, како и столбовите од првиот кат
на крајот од објектот на Сл.3.19.

Сл.3.19. Објектот од Сл.3.17. Поглед на Сл.3.20. Објектот од Сл.3.17. Детал од


столбовите од првиот кат лоцирани на ломот на долниот дел од столбот на
источниот крај од објектот. Обратете најјужниот ќош од зградата. Ломот се
внимание на експлозивниот лом над земја случил во дел од столбот каде немало
и вовлекувањето на столбовите во однос соодветно утегнување на бетонот и
на монолитното платно. арматура за прифаќање на силите на
смолкнување.
Однесувањето на Imperial County Services Building за време на земјотресот Imperial
Valley од 1979 година е добар пример за потребата зградите да се проектираат со
рамномерна промена на крутоста, јакоста и дуктилноста, избегнувајќи формирање на
мек кат. Објектот прикажан на Сл.3.17 бил современа армиранобетонска конструкција
со правоаголна основа, шест ката и мала машинска куќичка на покривот. Попречната
крутост била обезбедена со рамки во подолжниот (E-W) и платна во попречниот (N-S)
правец. Платната на повисоките катови се протегале по целата ширина на источната и
западната фасада на (Сл.3.17 и Сл.3.18). На приземјето платната во попречен правец
биле вовлечени и значително помали. Поради примената на платна на челните ѕидови
над првиот кат, одговорот на конструкцијата во правец E-W бил како на мек кат. Ова
заедно со дисконтинуитетот на платната на нивниот крај (поради вовлекувањето)
изнудено од посакуваното архитектонско решение, довело до сериозни штети на
столбовите од првиот кат, особено оние лоцирани на источниот крај (сл.3.19 и Сл.3.20).

3.2.1 Зајакнување на објекти со мек кат


Постојат голем број на објекти во региони со висок сеизмички ризик кои, поради
нивните конструктивни системи и/или поради интеракцијата со неконструктивните

38
елементи, имаат мек кат било со несоодветна носивост на смолкнување или
несоодветна дуктилност (капацитет за абсорбирање на енергија) во случај на нивна
изложеност на јак земјотрес. Затоа е потребно тие да бидат зајакнати. Обично
најекономичен начин на зајакнување на такви објекти е со додавање на соодветни
платна или спрегови на меките катови. Употребата на челични дијагонални спрегови за
оваа намена илистрирани се на Сл.3.21.

Сл.3.21. Повеќекатна зграда во Сан


Франциско која била зајакната со
додавање на челични дијагонални
спрегови во два распона од првиот кат.

3.3 НЕКОНСТРУКТИВНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ ТРЕБА ИЛИ ДА СЕ СООДВЕТНО


ОДВОЕНИ ОД, ИЛИ ТРЕБА ДА СЕ ИНТЕГРИРАНИ СО НОСИВИОТ
КОНСТРУКТИВЕН СИСТЕМ
Некои елементи од објектот (архитектонски, машински и електрични) можат да бидат
побудени за време на потресите кои за време на земјотрес преку темелите се
пренесуваат на конструкцијата. Ефектите од оваа интеракција може да се групираат во
две категории; прво, ефектот од одговорот на конструктивниоте систем на
неконструктивните елементи; и второ, ефектот од неконструктивните елементи на
одговорот на конструктивниот систем. Колку е основниот конструктивен систем
пофлексибилен, понегативни се ефектите од неконструктивните елементи.
ƒ Ефект од одговор на конструктивниот систем на неконструктивните елементи се
илустрирани на Сл.3.22 и Сл.3.23
ƒ Ефект од неконструктивните елементи на одговоирот на конструктивниот систем
е илустриран на Сл.3.24 - Сл.29. Анализата на однесувањето на објектот за време
на земјотрес покажува дека во голем број случаи, лом на конструкцијата бил
предизвикан од фактот што при проектирањето на основниот конструктивен
систем било занемарена конструктивната модификација која произлегува од
неконструктивните елементи, особено од довавање на исполни (прегради и
ѕидови) како што е илустрирано на следните примери.

Сл.3.22. Поглед од внатре на лесна, Сл.3.23. Поглед од надвор на објектот од


флексибилна индустриска зграда во Сл.3.22 после земјотресот од 1983. Додека
Coalinga, California. Носивата лесниот метален покрив бил скоро
конструкциија на ова складиште е челична недопрен, повеќето азбест цементни плочи

39
рамка со распон од 100-ft со попречни од страничните ѕидови претрпеле
спрегови на покривот но немала подолжни значителни штети, нагласувајќи ја
спрегови на бочните ѕидови. потребата од соодветно прицврстување на
неконструктивните елементи за
конструктивниот систем.

Сл.3.24. Клиника во El Asnam, Algeria.


Поглед одблиску на лом на столб на оваа
нова четирикатна армирано-бетонска
зграда предизвикан од одговорот на
конструкцијата на земјотресот од 1980
година.

Сл.3.25. Двоспратна армиранобетонска


зграда, Managua, Nicaragua, оштетена од
земјотресот во 1972 година. Прикажан е
армиранобетонски столб кој бил дел од
конструктивниот систем и кој доживеал
лом бидејќи ѕидот од ѕидарија довел до
скратување на конструктивната должина
на столбот. Ѕидот бил третиран како
неконструктивен елемент.
Сл.3.26. Mene Grande Building, Caracas, Venezuela, оштетена за
време на земјотресот од 1967. Оваа 16-катна к-ција чиј што
основен систем бил составен од АБ рамки, имал H-облик во основа
и обложни ѕидови на четирите фасади на објектот. При
проектирањето било занемарено влијанието од интеракцијата на
овие ѕидови со конструктивниот систем. За време на земјотресот,
имало не само значителна неконструктивна штета на фасадните
ѕидови на пониските катови од објектот, но исто така
спектакуларни ломови на столбовите од ќошевите на првиот кат,
како што е илустрирано на сликата. Овој објект бил саниран и
зајкнат со додавање на платна и зајакнување на осум столба од
ќошевите.
Објектот од Сл.3.24 доживеал тежок дисконтинуитет на крутоста и носивоста на првиот
кат. Локацијата на крутиот скалишен простор во ќошот од објектот како и АБ платно
довеле до колапс на објектот. Вообичаено е скалите да се третираат како
неконструктвни елементи и покрај фактот дека во повеќето случаи тие се круто врзани
на носивата конструкција, особено во случај на армиранобетонски згради. Обратете
внимание како скалишниот подест е круто врзан со столбот на средина од неговата
висина, претварајќи го на тој начин во краток столб кој навлекува двојно поголема
трансверзална сила од онаа која се добива при анализа со занемарување на скалишниот
подест. Од тука не е за изненадување дека столбот доживеал лом на смолкнување.
Слични ефекти се забележани и во челични конструкции како што е илустрирано на
Сл.1.38 и Сл.1.39.

40
Сл.3.27. Capri Residencia, станбена зграда, Сл.3.28. Штета на Coral Apartment,
Caracas, Venezuela. Оваа 12 катна АБ станбена зграда, Caracas, Venezuela, за
рамковна конструкција со облоги на време на земјотресот од 1967 година. Оваа
фасадите ѕидови, имала сосема отворен зграда имала АБ рамковен конструктивен
прв кат како паркинг простор. Објектот систем и фасадни ѕидови од облоги.
претрпел значителна неконструктивна Обратете внимание на долгите конзоли.
штета за време на земјотресот од 1967 Некои од облогите од вториот, третиот и
година. Фасадните преградните ѕидови на четвртиот кат експлодирале и паднале.
пониските катови отпаднале и морале да Експлозијата на обложните ѕидови
бидат заменети. Обратете внимание на предизвикало сериозни штети на гредите и
особено флексибилен конструктивен столбовите покрај овие ѕидови.
систем на објектот.
Обратете внимание на врвот од столбот на третиот кат во ќошот. Веднаш до оваа зграда
имало 10 катна армиранобетонска зграда, San Jose, која доживеала комплетен колапс
убивајќи 45 станари. Покрај зградите Coral и San Jose се наоѓал објектот Plaza 1.
прикажан на Сл.3.29 кој не претрпел никаква штета поради тоа што имал значителна
попречна крутост и носивост обезбедена со платната.

Сл.3.29. Plaza 1, станбена зграда, Caracas, Venezuela. Ова


е 12-катна АБ зграда со поткровје и четири нивоа на
подземен паркинг. Зградата имала станови со
денивилирано ниво и конструктивниот систем се
базирал на АБ платна во двата правца. Овие платна
обезбедуваат значителна носивост и крутост на зградата
што овозможила таа да го преживее земјотресот во
Венецеуела од 1967 година и штети (конструктивни или
неконструктивни).
3.4 КОНСТРУКТИВНИОТ СИСТЕМ ТРЕБА ДА ИМА НАЈГОЛЕМ МОЖЕН
БРОЈ НА ОДБРАНБЕНИ ЛИНИИ
Конструкцијата треба да има најголем можен број на внатрешни и надворешни степени
на статичка неопределеност. И додека голем број на статичка неопределеност е
пожелене, тоа не е доволно. Со цел објектот да биде ефикасен при спротивставувањето
на значителен земјотрес тој треба да има потребна дуктилност, цврстина и стабилно
хистерезисно однесување за време на повторувани циклуси на деформации. За да се
обезбеди тоа неопходно е правилно димензионирање и дефинирање на деталите на
поедините конструктивни елементи, врски (јазли) и потпори на таков начин што сите
нееластични деформации се ограничени (контролирани) да се случат во посакувани
делови од конструкцијата и според посакуван редослед, и да бидат распоредени во

41
доволно голем број на делови во основа и по висина на целата конструкција (што може
да биде исполнето доколку се следат препораките дадени под точка 8). Позитивен
пример за користа од почитување на овие и некои други основни препораки, е
илустриран со споредбата на однесувањето на две згради, Banco de America и Banco
Central, за време на земјотресот во Managua, од 1972 година. Основните карактеристики
на конструктивните системи и штетите на овие две згради прикажани се на Сл.3.30 до
Сл.3.35.

Сл.3.30. Поглед на Banco Central (лево) и


Banco de America во центарот на Managua,
Nicaragua.

Banco Central била 15 катна армиранобетонска рамковна конструкција со поткровје на


врвот кое се наоѓало над несиметрично поставеното централно јадро за комуникација, и
двокатен подрум. И додека оваа зграда претрпела тешки оштетувања, конструктивни и
неконструктивни, за време на земјотресот од 1972 година (што довело до рушење на
горните 12 ката), другата зграда, Banco de America, која е нешто повисока (највисока
зграда во Managua, 1972) претрпела малку штета и била санирана. Banco de America е
17 катна армиранобетонска зграда со централно поставено јадро од двојни платна и
двокатен подрум.

Сл.3.31. Основа на Banco de America,


Managua, Nicaragua. Овој објект генерално
добро се однесувал за време на
земјотресот во Managua, 1972 година.
Нејзиното одлично однесување може да се
припише на симетријата и рамно-мерноста
на дистрибуцијата на масите и
конструктивната крутост по целата
конструкција.

Конструктивниот систем, кој може да се смета за комбинација на дуктилни АБ платна


со рамки, е одличен систем за асеизмичко проектирање, обезбедувајќи повеќе линии на
одбрана поради што однесувањето на целиот систем ги исполнувања барањата и на
најаки земјотреси. АБ платната имале само мали пукнатини. Единствената
конструктивна штета била само во заштитниот слој на гредите кои ги поврзувале
платната во делот каде бил оставен правоаголен простор за вертикална комуникација
на системот за климатизација. На пониските катови единствената видлива штета било
отпаѓанјето на мермерот кој ги покривал платната од централното јадро како што е
илустрирано на Сл.3.32. Штетата едноставно била поправена. Повеќето од плочи и
ѕидовите немале значителни штети, а и скалите биле во одлична состојба, што било во
спротивност од случајот на зградата на Banco Central како што е илустрирано на
Сл.3.35.

42
Сл.3.32. Поглед на јадрото за Сл.3.33. Типична основа над четвртото
комуникација на вториот кат од Banco de ниво од зградата на Banco Central
America, Managua, Nicaragua. Обратете Managua, Nicaragua (Слика 3.30). Оваа
внимание дека неколку мермерни плочи зграда имала армирано бетонска рамковна
кои ги покривале АБ платна отпаднале. конструкција како основен носив систем.
Тоа било единствената видлива штета на
овој кат после земјотресот во Managua,
1972 година. Споредете со штетата
прикажана на Сл.3.35

Обратете внимание дека конфигурацијата на армиранобетонскиот конструктивен


систем на кулата (прикажан на Сл.3.33) не била сисметрична.Тоа било поради
присуството на различни конструктивни системи на двете пократки страни од
конструкцијата и поради ексцентрично поставените армиранобетонски платна кои го
обиколувале просторот за комуникација, сето тоа довело до значителен ексцентрицитет
помеѓу центарот на крутоста и центарот на масите. Заслужува да се посочи дека во
попречен правец гредите имале распон од околу 13 метри, а имале попречен пресек
само 20x70см. Поради големата флексибилност на овие греди содржината на зградата
не била заштитена за време на земјотресот во Managua, 1972 година.
Неконструктивните штети на таваниците, преградните и надворешните ѕидови биле
толку тешки што неможело да се поминува. Скалите биле покриени со крш (Сл.3.35).
исто така имало значителни конструктивни штети така што морало да се сруши дел од
зградата.

Сл.3.34. Поглед на Banco Central (лево) и Сл.3.35. Зградата на Banco Central, поглед
Banco de America после земјотресот во на скалите после земјотресот од 1972
Managua, 1972 година. Оваа фото-графија година. Повеќето од скалите биле
ја илустрира штетата на ѕидот од покриени со крш како ртезултат на
исполната, од шупливи тули, на едниот шупливите тули од преградите кои го
крај од зградата на Banco Central. Бидејќи обиколувале скалишниот простор.
овој дел бил блиску до центарот на Штетата (конструктивна и не-
крутоста тука немало значителни конструктивна) и заштитата на
попречни торзиони деформации.

43
содржината на оваа многу флексибилна
рамковна конструкција преставува
спротивност од штетите забележани на
зградата на Banco de America која имала
симетричен комбиниран (рамки и платна)
систем. Овие два објекта биле лоцирани на
дијагонални позиции на една раскрсница.

3.5 КОНСТРУКТИВНИОТ СИСТЕМ ТРЕБА ДА ИМА БАЛАНСИРАНА


КРУТОСТ И НОСИВОСТ ПОМЕЃУ НЕГОВИТЕ ЕЛЕМЕНТИ, ВРСКИ И
ПОТПОРИТЕ
“Ланецот се кине кај најслабата алка”. Не е доволно да се користат јаки, крути и
дуктилни конструктивни елементи доколку тие не се соодветно поврзани. До колапс
или тешки оштетувања на конструкциите често доаѓа поради слаби врски (јазли). Сл.
3.36 до Сл.3.39 илустрираат неколку случаи на такви штети.

Сл.3.36. Џамија, El Asnam, Algeria, El


Asnam земјотрес од 1980 година. Поглед
на столбот од првиот ката како врската на
столбот и гредата на второто ниво од
џамијата.

Оваа зграда, лоцирана во центарот на El Asnam, била дел од комплекс од згради


наречен “Cite Al Naser Market”. Освен дел од конструкцијата на џамијата и ќошот од
друга единица, сите останати дво- и тро- катни згради доживеале комплетен лом,
паѓање на меѓукатните плочи што предизвикало многу жртви. Обратете внимание на
ломот на смолкнување во столбот и во јазелот столб-греда поради недостаток на
арматура за прифаќање на трансверзалните сили. Недостаток на трансверзална
арматура било една од главните причини за колапс на објектите од овој пазар.

Сл.3.37. Зградата, Galerie Algerienne, El Сл.3.38. Naiguata Beach Club, Naiguata,


Asnam, Algeria, El Asnam земјотрес од Venezuela, земјотрес во Caracas од 1967
1980 година. Поглед на оваа четири катна година. Ова била еднокатна зграда (со
армиранобетонска зграда којадоживеала висина од околу 7м) и со мезанин на 3м од
тежок колапс во овој земјотрес. тлото. Оваа фотографија ја прикажува

44
Недостаток на потребна арматура во штетата на врските помеѓу столбовите и
врската столб-греда бил еден од гредата која го потпирала мезанинот.
причините за колапсот.

Обратети внимание на седум метри високите столбови на левата страна од Сл.3.38 кои
ја потпираат покривната конструкција која доживеала трајни попречни поместувања од
0.3 метра. Зголемувањето на крутоста (поради скратувањето) на сличните столбови
предизвикано од гредата на мезанинот (на десната страна од фотографијата) довеле до
големо смолкнување и ротација во пластичните зглобови во пократките столбови. Овој
пример ја илустрира потребата од избегнување на нагла промена на крутоста и
потребата од рамномерна распределба на носивоста помеѓу елементите и нивните
врски.

Сл.3.39. Станбена зграда, Four Season,


Anchorage, Alaska, Alaska земјотресот од
1964 година. Поглед на објектот после
земјотресот.

Шест катната зграда од Сл.3.39, како конструктивен систем имала; меѓукатни плочи од
преднапрегнат бетон потпрени на челични столбови со широки фланши и два лифта и
скалишен простор формиран со армиранобетонски платна. Попречната носивост на
дејство од земјотрес воглавном била обезбедувана од двете витки армиранобетонски
јадра. Двете јадра доживеале лом на ниво на приземје каде сите вертикални прачки во
платната биле наддавани. Драматичниот лом на оваа конструкција како резултата на
несоодветното наддавање на вертикалната арматура како и ложиот избор на
конструктивниот систем во однос на попречната носивост, нагласувајќи ја важноста од
почитувањето на основните принципи на асеизмичко проектирање дадени во почетокот
на ова поглавје.

Сл.3.40. Поглед на станбената зграда 1200 L Street,Anchorage,


Alaska, земјотрес од 1964, Alaska. Оваа 14 катна
армиранобетонска зграда имала конструктивен систем во кој
попречната носивост ја обезбедувале серија витки платна
поврзани ивични греди. Се покажало дека ивичните греди не
биле димензионирани (детали) да работат како поврзни греди
на платната и затоа претрпеле значителни штети за време на
замјотресот. Штетите се состоеле во појава на пукнатини во
облик на Х како што може да се види на Сл.3.41. Раниот лом на
овие поврзни греди неовозможиле дисипација на енергија во
гредите и довело до тоа платната да работат пред се како
незвисни конзоли со значително намалена крутост.

Очигледно при проектирањето и изградбата на конструктивниот систем на објектот од


Сл.3.40 не биле почитувани основните принципи наведени на почетокот на ова поглавје
и особено препорака под реден број седум. Поврзните греди не се однесувале како
дуктилни и цврсти конструктивни врски.

45
Сл.3.41. Поглед од блиску на пукнатини во Сл.3.42. Погледот одблиску на еден од
облик на Х и лом на поврзните греди или АБ платна во зградата прикажува
кратките ивични греди во објектот од иницијален тип на лом во конструктивна
Сл.3.40. Овие греди не биле соодветно врска поради нејзина слаба изведба.
проектирани на смолкнување. Обрати внимание на недостаток на
дополнителна арматура на крајот од
платното.

46

You might also like