You are on page 1of 4

2/24/2019 Историја — Википедија

Историја
Од Википедија — слободната енциклопедија
Историја е поим што означува сознанија за минатото. Кога се
користи како име за поле на студии, „историја“ се однесува на
изучување и објаснување на минатото на човечките општества.
Поимот „историја“ потекнува од грчкиот збор "ιστορία" или historia,
што значи расказ, иследување, испитување односно познавање на она
што е испитано и ја дели истата етимологија со англискиот збор story
(приказна). Во поширока смисла на зборот, историја е се што се
случило, како во човечкиот живот, така и во природниот свет.

Содржина
Историја
Историски извори од Николаос Гизис (1892)
Поделба по периоди
Праисторија
Историја (од појава на писмото)
Посебни истории
Историја на области или народи
Историја на Европа
Историја на Северна и Јужна Америка
Историја на Азија
Историја на Африка
Историја на Австралија
Историјата како тема во уметноста
Наводи

Историски извори
Историчарите добиваат податоци за минатото од различни извори, како што се пишаните или печатените,
монети и други артефакти, градби и споменици, како и преданија. Се што се случило пред забележаната
историја се означува како праисторија.

Како историски извори може да послужат визуелните извори (извори кои можат да бидат во облик на
илустрации, цртежи, слики, мапи, постери, фотографии, археолошки ископини и др.), писмените извори (кои
се во облик на написи, тестаменти, книги, пописни материјали, дневници, мемоари и др.), усната историја (во
вид на раскажување или сеќавања на постари лива), и аудиовизуелните извори. Предметите и пишаните
сведоштва за животот и дејноста на луѓето во минатото се викаат историски извори.Изворите се делат на
материјални и пишани.Исто така се користат и усните кажувања за минатото.Материјалните извори се
разновидни.Во нив спаѓаат стари орудија, садови, облека, накит,уметнички дела и други. Материјалните
остатоци се многу драгоцени.Затоа се чуваат во музеите,а некои,како остатоци од градбите,се наоѓаат на
местото каде што се откриени.

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0 1/4
2/24/2019 Историја — Википедија

Во пишаните историски извори спаѓаат извештаи,патописи,писма,записи,весници,книги...Тие се чуваат на


разни места:во библиотеки,музеи,архиви и на други места.Пишаните извори се многу сигурни и даваат
значајни податоци за минатото.

Во усните кажувања спаѓаат разни кажувања за историски настани кои се пренесуваат усно од генерација на
генерација.На пример,тука спаѓаат легендите,митовите и песните.Во нив има доста неточности,измислени
настани и личности,па историчарите ги користат многу внимателно.

Поделба по периоди

Праисторија
првобитно општество - од појавата на човекот до изумот на првите орудија.

праисторија, периодот пред појавата на пишаните докумнети го делиме на:

постаро камено време или палеолит ( - до 35.000 пр. не.)


средно камено време или мезолит (35.000 пр.не. - до 10.000 пр. не. )
младо камено време или неолит (10.000 пр. не. - до 3.000 пр. не.)
бакарно време, бронзано време и железно време (8.000 пр. не. - до 750 пр. не.)

варварско време, во општествените односи превладува родовско-племенско уредување

Историја (од појава на писмото)


стар век - појава на писмо, стариот век се дели според културите чии траги се зачувани до денес (3.500 пр.
не. - V век)

Народи нa Месопотамијa
Средоземна Азија
Далечен Исток
Иранска Висорамнина
Египет - Листа на фараони
Античка Грција
Античка Македонија

Рим - Антички Рим

среден век - после падот на Западното Римско царство во Европа започнува среден век.
Средниот век се дели на:

Ран среден век - од Јустинијан I до Крстоносните војни


Доцен среден век - Од Крстоносните војни до средината или крајот на XV век.

Средниот век може да се подели и според уметничките правци; во општествените односи преовладува
феудализмот

предромантика (X век)
романтика (XI и XII век)
готика (XIII и XIV век)

Новиот век започнал со Колумбовото откривање на Америка во 1492 год.; во општествените односи се
појавува капитализмот.

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0 2/4
2/24/2019 Историја — Википедија

На полето на уметноста Новиот век се дели на:

ренесанса
барок
класицизам и просветителство

модерно време - време на денешницата, се смета дека почнало по Првата светска војна во 1918 год.

Посебни истории

Историја на области или народи


Историја се може да се проучува според областити или народи:

Историја на Европа
Историја на македонскиот народ
Античка Македонија

Филип II Македонски
Александар Македонски
Историја на Аргеадите
Римска Империја

Јулие Цезар
Византија
Француска Револуција
Прва светска војна (1914-1918)
Втора Светска војна (1939-1945)

Адолф Хитлер
Бенито Мусолини
Студена војна
Југославија

Јосип Броз Тито

Историја на Северна и Јужна Америка


Џорџ Вашингтон
Американска граѓанска војна (1861-1865)

Абрахам Линколн
Војната за независност во Северна Америка и создавање на С.А.Д.

Историја на Азија
Кинески династии
Кинеска граѓанска војна (1926-1949)

Мао Це Тунг

Историја на Африка
Клеопатра
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0 3/4
2/24/2019 Историја — Википедија

Историја на Австралија

Историјата како тема во уметноста


„Историја“ - песна на Никола Јонков Вапцаров.[1]

Наводи
1. Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 126-128.

Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Историја&oldid=3774080“

Последната промена на страницава е извршена на 11 септември 2018 г. во 23:17 ч.

Текстот е достапен под условите на лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Сподели под исти услови. Може
да важат и дополнителни услови. За повеќе информации, погледајте ги Условите на употреба.

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0 4/4

You might also like